Македонскиот куп-освојувач немаше сили против хрватскиот гигант (Фото)

Актуелниот македонски освојувач на Купот, екипата на Македонија ЃП, доживеа пораз од хрватскиот шампион Динамо Загреб со 4-1. Ѓорчептровци имаа сили да му се спротивстават на многу поквалитетниот противник само во првото полувреме, кое заврши нерешено, 1-1, а единствениот погодок за македонската екипа беше дело на Адмир Љатифи, со којшто беше поставен конечниот резултат на паузата.

За Динамо Загреб головите ги постигнаа Бродиќ, Видовиќ и двапати Куленовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести