Македонскиот првак ги промовираше 11-те нови засилувања (фото)

Актуелниот македонски шампион Вардар, ги промовираше 11-те нови засилувања за веќе започнатата сезона 2020/21. Буквално со цел нов состав ќе располага тренерот Александар Васовски, со кој ќе се обиде да ја одбрани титулата во Првата лига на Македонија.

Црвено-црниот дрес ќе го носи поранешниот репрезентативец Милован Петровиќ, кој има девет настапи за А тимот на Македонија, а минатата сезона ја мина во редовите на Сутјеска Никшиќ.

Тука е и повратникот Дејан Блажевски кој веќе одигра четири меча во новата сезона, како и Виктор Велковски и Филип Петковски. Новитети се  голманот Александар Игески, Стефан Лазаревиќ, Бојан Најденов, Мартин Мирчевски, Бразилецот Силва Дос Сантос Чарлестон, како и Ерен Парталко и Хрватот Марко Мартинага.

Сите фудбалери се регистрирани за дуелот на Вардар против Шкупи во рамки од петтото коло во ПМФЛ.

- Оглас -

Најнови вести