Томислав Јотовски веќе неколку години е најдобриот македонски тенисер, а иако повредата на рамото и долгата пауза значеа пад во рангирањето, сепак е еден од ретките наши тенисери кои се доближиле до 500-тото место на АТП-листата.
За квалитетите на Јотовски доволно е да се каже дека своевремено ги има победено врсниците Давид Гофан и Душан Лајовиќ (сите се родени во 1990 година), кои сега со успех играат на Отвореното првенство на Австралија. Томи важи за добар прогнозер, летоска за Спорт Манија најави и погоди дека Новак Ѓоковиќ ќе го освои Вимблдон.
ЛАНИ ПОГОДИ ДЕКА ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН, СЕГА ВО АВСТРАЛИЈА ХРАБРО ТИПУВА НА ФЕДЕРЕР
Овојпат тој за победник на Отвореното првенство на Австралијан типува на Роџер Федерер и ја прифати поканата на Sport Life да состави еден фудбалски хуманитарен тикет. Доколку тикетот биде добитен, Јотовски парите ќе ги донира во дом за деца без родители.
„Мој фаворит за победник на Гренд слемот во Австралија е Федерер. Мислам дека не е нереално тој да триумфира, иако многумина го ставаат некако во втор план. Тој е легенда и не гледам причина зошто да не го освои турнирот. Што се однесува до мене, се наоѓам во период на подготовки. Веќе следната недела патувам во Анталија, Турција, и таму ќе играм на три турнири по ред, а потоа имам три турнири во Хрватска, ќе влезам во натпреварувачкиот ритам кој ми е потребен“, вели Јотовски.
ОМИЛЕН ТИМ МУ Е РЕАЛ, ПА ВЕРУВА ДЕКА БАРСА НЕМА ДА СЛАВИ НА „МЕСТАЛЈА“
Иако преокупација во животот му е тенисот, Јотовски редовно ги следи случувањата и во врвниот фудбал. Омилена му е шпанската лига и навивач е на Реал Мадрид.
„Следам фудбал. Шпанската лига ми е најинтересна и омилена, а Реал Мадрид ми е омилен клуб. Инаку, не сум голем фан на обложувањето, но некогаш знам да типувам со моите другари за да ни биде поинтересно гледањето на некој натпревар“, заклучува Јотовски, кој во обложувалница или на наградни игри нема добиено некои поголеми суми и прогнозирал чисто за забава.
Ова е неговиот предлог тикет: