Гвардиола ги прекрсти рацете над глава и викна: Напред Чекани! (Видео)

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, прес-конференцијата на „Етихад“ после победата на неговиот тим над Брентфорд ја затвори на хумористичен начин и ги насмеа сите присутни новинари.

Гвардиола ги прекрсти рацете како што тоа го прават фановите на Вест Хем поради амблемот на клубот, извика „Напред Чекани“ и набрзина стана и си замина.

Со ова Шпанецот јавно си кажа дека утре кога ќе играат Вест Хем и Арсенал, ќе биде најголем фан на Чеканите кои може да му помогнат на Сити во трката за титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести