Македонските ракометарки храбро се држат, правиме и цепелини, проблем е Неагу (Видео)

Македонската женска ракометна репрезентација, со поголема доверба игра против Романија и има активен резултат по првото полувреме. Романките водат со 13-12, но шанси за наша победа има.

До 8-8 се играше гол за гол, Македонија првпат имаше и минимална предност од 4-3, а при 8-8, Романките направија серија од 3-0 за 11-8 и предноста ја задржаа до крајот на првиот дел.

Македонските ракометарки на моменти играа атрактивно, Сара Ристовска даде гол со цепелин, а храброст и желба покажа и Јована Саздовска, која го свитка зглобот на ногата, но се врати на терен.

Во тимот на Романија, ветеранката Кристина Неагу даде 6 гола, што е речиси половина од погодоците на Романките.

Во исто време се игра и во Подгорица, каде што последен пат во дресот на Црна Гора на свој терен игра Јованка Радичевиќ. Некогашната вардарка има 187 настапи за својата селекција, и над 1.000 постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести