Македонските спартанци се бронзени во Сребрената лига на Европа (Фото)

Македонските одбојкари го освоија третото место во Сребрената европска лига по победата во пет сета против Унгарија.

Популарните Спартанци постојано водеа во малото финале и успеаа да слават во долг меч со 3:2 во сетови.

Првиот сет заврши со 25:22 за Македонија, а Унгарците веднаш возвратија со 25:18 и израмнија на 1:1 во сетови.

Третиот сет мина во комплетна доминација на бронзените момци од Македонија и заврши убедливо наша корист со 25:15.

Унгарија повторно израмни и го доби четвртиот сет со 25:19, но ривалот немаше сила за комплетен пресврт и подобрата репрезентација ја освои бронзата.

Бевме одлични кога најмногу беше потребно и го добивме последниот скратен сет со 15:7 за конечна победа од 3:2 и бронзен медал во Сребрената европска лига.

Во финалето од 19 часот ќе играат Финска и Романија.

- Оглас -

Најнови вести