Македонско оро на „Бисер Балкански“ е атракција во центарот на Букурешт (видео)

Дојде денот за фудбалската репрезентација на Македонија да дебитира на Европското првенство кое се очекуваше со огромно нетрпение. Атмосферата е фанстастична во пресрет на историскиот настап на Рисовите, кои попладнево (18 часот) ќе ги одмерат силите против Австрија на Националната арена во Букурешт.

Токму во центарот на романската метропола, македонските фанови се покажаа како голема атракција. Расположението е на високо ниво, се игра македонско оро, „Бисер Балкански“ грми на сите страни, а навивачите се сигурни дека денеска ќе се слави победа против фаворизираната Австрија.

- Оглас -

Најнови вести