Македонското трио владее на Кипар: Тричковски, Спировски и Мојсов се лидери во првенството

АЕК Ларнака убедливо со 3:0 славеше против АПОЕЛ во мечот кој требаше да биде дерби на второто коло во кипарското првенство. Македонското трио Иван Тричковски, Даниел Мојсов и Стефан Спировски беа во почетниот состав на домашниот тим и тоа беше добитна одлука.

Спировски погоди во седмата минута за водство од 1:0 на АЕК, што беше и резултат од првиот дел. Абрахам зголеми на 2:0, а капитенот Тричковски го потврди триумфот на домаќините. Мојсов беше главен во одбраната на АЕК и не дозволи гостите да се понадеваат барем на почесен погодок.

Со оваа победа АЕК Ларнака се искачи на врвот на табелата во кипарското првенство со шест бода и најдобра гол-разлика од екипите кои се со перфектен учинок досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести