Македонците денеска се фудбалски спасители, погоди и Тричковски и го спаси АЕК од пораз

Убав ден имаат македонските фудбалери, а веќе трет од нив погоди и му помогна на тимот да освои бод(ови).

Иван Тричковски е последен во низата што даде гол, а со прецизниот удар во 89. минута го спаси АЕК Ларнака од пораз против Хлорака и извлече реми, 1:1.

Ова беше петтиот гол на Тричковски во ова првенство, а значи многу бидејќи АЕК е прв на табелата и се бори за титула, па секој гол и бод е исклучително значаен.

Претходно на сличен начин и Александар Трајковски спаси бод за Ал Фејха во Саудиска Арабија со гол за израмнување на 1:1, а Стефан Ристовски даде победнички гол за Динамо Загреб против Истра.

- Оглас -

Најнови вести