Македонците играа Сиртаки на „Дасаки“ – АЕК победи со покерот на Тричковски, еден гол за Ахна постигна Костовски

Иван Тричковски беше расположен за голови и постигна покер за победа на АЕК Ларнака од 5:2 во Ахна на „Дасаки“ стадионот во меч против домаќинот.

Работите тргнаа лошо за гостите од Ларнака, а Јован Костовски со гол 19 минута најави изненадување. Украинецот Илја Марковски зголеми на 2:0, но со пораз не се помири Иван Тричковски.

Актуелниот македонски репрезентативец постигна четири гола во период од околу триесеттина минути, а со стрелбата почна во 58. минута. Намали на 1:2, а потоа со уште три гола го докусури домашниот тим.

Тричковски беше прецизен од пенал во 82. минута и потоа во самиот финиш со погодоци во 88. и во 90. минута го заврши неверојатниот пресврт на АЕК Ларнака.

Со овие четири погодоци Тричковски повторно е прв стрелец во кипарското првенство со 15 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести