Маки вардарови – Спас нема за македонскиот бренд и Силекс со шест гола им ја наполни мрежата

Маките на Вардар продолжуваат во сезоната во која најтрофејниот македонски клуб преживува огромна криза, а денеска Силекс ја искористи ситуацијата и со шест гола ја наполни мрежата на „црвено-црните“.

Во меч што беше само еднонасочен домаќините славеа убедливо со 6:0, што им е најубедлива победа против фудбалскиот бренд на Македонија.

Денис Ристов и Пепи Георгиев постигнаа по три гола за домаќините, кои се уште се во опасната зона, на 9. место со 29 бода. Вардар е претпоследен со 27 бода,колку што има и Ренова, а двете екипис е само пред Беласица.

Денеска како куриозитет, само Силекс победи на домашен терен во петте меча од 26. коло, а сите останати гостински екипи ги однесоа бодовите.

Шкендија го доби тетовското дерби со Ренова со 3:0, Шкупи победи во Струмица со 1:0 против Аакедмија Пандев, а тука славеше и Македонија Ѓорче Петров против Беласица со 2:0.

Струга Трим Лум го надигра Борец во Велес и ги освои бодовите со триумф од 1:0.

Табела: Шкендија 59, Шкупи 49, Македонија Ѓ.П. 44, Струга 40, Работнички 39, Борец 33, Пелистер 32, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова и Вардар по 27, Беласица 14.

 

- Оглас -

Најнови вести