Маките на Реал ги прекина Винисиус, Елче го победи Еибар (Видео)

Реал Мадрид конечно успеа да даде гол во новата сезона во Ла Лига, а стрелец за победа од 1:0 против Валјадолид беше Винисису жуниор.

Бразилецот си дочека асистенција од дефанзивците на гостинскиот тим во 65-тата минута за победа на фаворитот и прв погодок во новото издание на шпанското првенство.

Елче во интересен дуел успеа да слави против Еибар на гости, а приказната на овие два тима е интересна. Еибар опстана во 2015 година на сметка на финансиските проблеми на Елче, иако требаше да испадне од Ла Лига.

Вечерва гостите на некој начин се реваншираа, а победа им донесе Боје со погодок во 37-мата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести