Макрон имал само едно барање, но Флорентино Перес категорично го одбил претседателот на Франција

Килијан Мбапе летово ќе потпише договор со Реал Мадрид, и тоа како слободен фудбалер. Иако ова не е официјално објавено, веќе на сите им е познат епилогот околу новиот клуб на францускиот интернационалец. Договорт на Мбапе во ПСЖ истеку на 30 јуни, а потоа ќе следува преселба во Мадрид.

Неодамна во Париз средба имаа и претседателот на Франција, Емануел Макрон, и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, а тема на разговор бил токму Килијан Мбапе. Макрон лобирал за тој да биде ослободен од обврските и да може да настапи за репрезентацијата на Франција на Летните олимписки игри, кои летово ќе се одржат токму во Париз, но Перес во никој случај не дозволува фудбалерот да отсуствува од подготовките на екипата.

Претседателот на Реал Мадрид без размислување го одбил барањето на Емануел Макрон, па Килијан Мбапе најверојатно нема да ја предводи Франција на патот до освојување на Олимпијада на која се домаќини.

- Оглас -

Најнови вести