Макс Ферстапен се изедначи по број на победи со легендарниот Сена

Макс Ферстапен триумфираше на трката за Големата награда на Канада, и тоа за него е шеста победа сезонава и вкупно 41-ва во кариерата, со што се изедначи на вечната листа со славниот Аиртон Сена.

За тимот на Ред Бул ова е јубилејна 100-та победа во Формула 1. Втор низ целта мина Фернандо Алонсо, трети беше Луис Хамилтон, а истиот редослед беше и на стартот на трката.

- Оглас -

Најнови вести