Максимален фокус на тренинг, тимот е подготвен за дуелот со Лалињата (Фото+Видео)

Македонската фудбалска репрезентација го одржа и денешниот тренинг на тренинг центарот на Ајакс во Амстердам, како подготовка за пресметката со силната Холандија во третото коло на Европското првенство на кое нашата селекција е дебитант и засега нема освоено бод.

Играчите се фокусирани на мечот, нема бело знаме однапред, иако немаме шанса за пласман во осминафиналето. На тренингот го немаше Горан Пандев, капитенот има болки во зглобот, но од лекарскиот тим најавуваат дека тој би требало да биде подготвен за понеделничкиот меч.

Селекторот води евиденција кој што сработил, и се надевам дека ќе ја скрои вистинската тактика кој ќе ни донесе позитивен резултат против фаворитот кој веќе е осминафиналист и тоа како првопласиран во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести