Максимир „гори“, Динамо и Ристовски го елиминираа Бетис!

Динамо Загреб вечерва одигра 1-1 против шпанскиот Бетис и тоа е доволно за пласман во следната фаза од Конференциската лига на УЕФА затоа што Модрите, за коишто игра Стефан Ристовски, го добија првиот меч во Севилја со 1-0.

Јапонецот Канеко беше стрелец на голот со кој Динамо изедначи на 1-1 и го однесе хрватскиот првак во следната рунда и тоа со елиминирање на клуб од една од најсилните лиги на светот.

Во аут е Лудогорец, кој дома загуби од Сервет со 0-1 откако на првиот дуел во Швајцарија немаше голови. Голема драма има во Норвешка, каде што Бодо/Глимт и Ајакс ќе играат продолженија, а можеби и пенали ќе одлучуваат кој оди понатаму. Во регуларните 90 минути, мечот заврши 1-1, а и во двата тима има по еден исклучен играч.

- Оглас -

Најнови вести