Максути беше „побрза“ од судијата, Македонија ја победи Молдавија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија имаше успешна прва контрола на подготовките во Банско, Бугарија. Фудбалерките на првиот пријателски меч на стадионот „Септември“ во Разлог ја совладаа Молдавија со минимални 1-0.

Единствениот гол на мечот беше дело на Улза Максути во 93-тата минута. Македонија и Молдавија ќе одиграат уште еден контролен дуел во Разлог, во понеделник, а веќе наредниот ден фудбалерките ги завршуваат подготовките.

- Оглас -

Најнови вести