Малдини: Ќе биде катастрофа ако згрешиме како Французите

Еден од најдобрите дефанзивни фудбалери на сите времиња, Паоло Малдини, коментираше дека сака италијанската Серија А да се доигра и никако не смее да се земе примерот од Франција. Според Малдини, Французите направиле голема грешка затоа што го прекинале првенството.

„Мора да бидеме претпазливи, но ќе биде катастрофа ако првенството не продолжи. Французите направија грешка кога решија нивното првенство да биде прекинато. Сепак, ако нашата влада донесе иста одлука, ќе мора да ја прифатиме. Премногу несигурност има во целата ситуација. Играчите веќе не можеа да издржат во своите домови, добро е што повторно почнаа да тренираат“, вели Малдини.

Легендата на Милан додаде дека единствениот клуб во кој може да работи е Милан, каде што и ја помина целата играчка кариера.

- Оглас -

Најнови вести