Малдини со порака: За седум дена ќе го „решам“ Коронавирусот

Легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини, пред неколку дена беше позитивен при тестот за Коронавирусот. Покрај него, од опасниот вирус се заразил и неговиот син, Даниеле, кој игра во првиот тим на Милан.

Човекот кој ги има освоено сите најзначајни трофеи во фудбалот, сега е во самоизолација и преку видеопорака се заблагодари на сите пораки кои досега ги примил и оптимистички најави дека за неколку дена ќе го преброди опасниот вирус.

„Преку ова видео сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои преку социјалните мрежи ми испратија пораки за љубов и грижа за мене и за мојот син. Добро сме и во рок од седум дена би требало да сме во можност да го победиме вирусот. Сакам да им се заблагодарам на сите доктори, медицински сестри, здравствени работници, цивилите кои помагаат и органите на редот, кои со оваа опасност се справуваат со голема професионалност. Поради вас сме горди што сме Италијанци. Ви благодарам уште еднаш“, рече Малдини во видеото кое го постираше.

https://twitter.com/i/status/1242184822203826178

- Оглас -

Најнови вести