Малер на годината: Со 20 денари за еден гол не доби ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ!

Тикет кој бил уплатен уште на 17 октомври во обложувалница на Sport Life од вчера го има приматот за најголем малер во годината. Дури 38 натпревари се одиграни на тикетот на кои најчесто се одиграни фиксови за победник на мечот, како и комбинации за фикс со постигнати голови.

Коефициентите на одиграните натпревари се движат од 1.29 до 1.62, а вкупната направена квота на овој тикет е неверојатна и изнесува 319.669, па затоа со минимален влог само од 20 денари добивката е неверојатни ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ.

Од овие 38 натпревари, по ред од 17 октомври до саботата беа погодени 36 дуели. Последни на тикетот останаа двата португалски гиганти, Бенфика и Порто, а обложувачот решил да не ја искористи опцијата Кеш Аут на Sport Life, со која сигурно ќе добиел убава сума од 36-те погодени парови.

Бенфика на свој терен играше против Каса Пија и требаше да победи во меч на кој домаќините ќе постигнат два гола. По првото полувреме, Бенфика водеше со 1:0, а фаворитот даде уште еден гол во 64-тата минута, кој подоцна беше поништен поради минимален офсајд.

Во продолжение на дуелот, гостите израмнија на 1:1, што беше дополнителен мотив за Бенфика да даде и втор гол, но тоа не се случи и тикетот „изгоре“, а со тоа и речиси 80.000 евра добивка.

Во неделата се одигра и последниот меч на тикетот, а Порто со два гола во првото полувреме стигна до победа на гости кај Визела, па остана горчлив вкусот на помислата дека само еден гол кој требаше да го даде Бенфика направи овој неверојатен тикет да не е добитен за 5.000.000 денари.

Утеха за овој обложувач е фактот дека тикетот кој е уплатен со СЛ картичка му донесе 99 ваучери во вредност на уплатата што ја имал и тоа е како дел од Premium Lucky Loser во Втора кеш шанса на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести