Редовен играч на Sport Life од Пробиштип навистина може да жали за убавата добивка која му избега за само еден меч. Храбриот играч на тикетот има дури 24 натпревари, сите одиграни на голови, 2+ или 3+, а на крајот успеа да погоди 23 од нив.
Тикетот е уплатен само за 20 денари, а добивката изнесува 354.943 денари, кои му избегаа само поради мечот од втората норвешка лига помеѓу Алесунд и Мјондален. Потребни беа минимум три гола, што често се случува во Норвешка, но овој натпревар заврши без голови, 0-0.
На ливчето со 24 меча има натпревари со квоти од 1.19 до 2.01, а играчот педантно си ги заокружуваше како што излегуваа, но не и мечот кој можеше да му донесе речиси 6.000 евра. Домашните во 71-вата минута промашиле пенал, па доколку удар од белата точка беше гол, можеби ќе се „отвореше“ мечот и уште три гола. Навистина штета.