Малер: Погоди 28 меча и буквално последниот напишан пар му ја скрати радоста да добие 3.000 евра!

Обложувач кој вчера уплатил тикет во Sport Life може да го добие приматот за „Малер на неделата“ откако одигра 29 пара и успеа да погоди 28, а буквално последниот меч што го има додадено на тикетот, не го погоди.

Тактиката на обложувачот во сите средби била иста, а тоа е да има барем два гола на мечот. Одиграни се мечеви од најразлични првенства од целиот свет и првите 28 натпревари кои ги одиграл се погодени. Последниот пар кој е додаден на тикетот е тој од бразилското првенство меѓу Ботафого и Флуминесе.

Домаќинот победи со 1:0 со погодок постигнат во 75-тата минута, што на крајот беше недоволно тикетот кој е уплатен само со 100 денари, да донесе бруто-добивка од 203.202 денари, односно нето-добивка од 172.737 денари. Тикетот е уплатен со СЛ картичка, па како утешна е добивката од 10 пати по уплатата.

- Оглас -

Најнови вести