Малер тикет – Го мина најтешкиот пат, падна на најлесниот пар

Изненадувањето на „Луж“ во Лисабон и ремито без голови на Бенфика против Тондела ја поништи сигурната добивка на тикетот со одиграни три „нули“ и Х-1 на португалскиот рекордер по бројот на титули против големиот аутсајдер.

Токму неснаодливоста на играчите на Бенфика, кои не можеа да постигнат гол во второто полувреме, откако Тондела со бункер се одбрани во првиот дел ја однесе добивката од 5.259 денари на мајсторски одиграниот тикет во Sport Life уплатен за 50 денари.

Вкупната комбинација со четири пара е со коефициент од 123.55, но што да се прави кога ќе се мине најтешкиот пат и ќе се фатат три нули, а ќе се падне на најлесниот пар. Особено кога на коефициент за единица од 1.18 ќе се одигра дека на полувреме ќе биде нерешено, а потоа се очекува сигурен триумф на апсолутен фаворит, како што тоа беше Бенфика против Тондела.

- Оглас -

Најнови вести