Европскиот првак Баерн Минхен делува дезориентирано во првото полувреме и губи со тешки 0-2 од ПСЖ. Капитенот Маркињос во 28-мата минута донесе двојна предност за гостите од Париз, но веднаш потоа мораше да излезе од игра откако се здоби со повреда на препоните.
Баварците имаа две големи шанси да израмнат при резултат од 0-1, меѓутоа голманот Навас феноменално интервенираше на опасните обиди на Горецка и Милер.
Во меѓувреме, Челзи поведе со 1-0 против Порто благодарение на одличниот погодок на Мејсон Маунт во 32-рата минута.