Таман стана првотимка во Леванте – Малер за Андонова, сезоната заврши Барса е шампион на Шпанија

Наташа Андонова ја заврши првата сезона како фудбалерка на Леванте на третото место на табелата, а Барселона без пораз ќе биде прогласена за нов првак, по одлуката што само треба да ја потврди шпанската фудбалска федерација за прекин на шампионатот.

„Кадена Сер“ објави дека одлуката е донесена да не се доигра женскиот шампионат во Шпанија, што значи дека лидерот Барса со 9 бода предност пред Атлетико Мадрид ќе биде крунисана во првак на земјата.

Наташа Андонова, единствената наша фудбалерка во еден од најсилните шампионати во Европа во првата сезона како членка на Леванте ќе биде третопласирана.

Ова не е најдобра вест за Андонова, која во последно време, до прекинот на првенството поради Коронавирусот се промовира во стандарден член на стартната постава на Леванте.

Во клубот од Валенсија пристигна токму од редовите на Барселона, а одигра вкупно 8 натпревари за новиот клуб во 21. коло.

На последните два меча беше во првата постава, а Леванте со неа во тимот ги победи Такон и Севилја. Наташа има договор со Левенте само за оваа сезона и сега останува да се види дали ќе продолжи во составот од Валенсија, или ќе си замине.

Член на истото спортско друштво, односно на машкиот фудбалски клуб Леванте е и нашиот репрезентативец Енис Барди.

- Оглас -

Најнови вести