Малерот Дел Потро – Пет години го чекаше завршниот Мастерс, а нема да игра

Хуан Мартин дел Потро потврди дека нема да се појави на завршниот АТП-турнир кој ќе се одржи во Лондон. Аргентинецот, по советот од лекарите, одлучил да мирува сè до Отворенто првенство на Австралија, кое ќе се одржи во 2019 година, откако повредата на коленото која ја заработи на турнирот во Тајланд минатиот месец го спречи во целост да ја заврши сезоната.

За малерот да биде уште поголем, Дел Потро пет години чекаше да биде меѓу осумте тенисери кои ќе играат на завршниот турнир, а шансата ја испушта поради повреда. Сезонава е најдобра за него во последните неколку години, се наоѓа на четвртото место на АТП-листата, веднаш зад големата тројка – Надал, Ѓоковиќ, Федерер.

Дел Потро годинава ги освои Индијан велс и турнирот во Акапулко, а играше и финале на Отвореното првенство на САД, каде што загуби од Новаќ Ѓоковиќ, и со овој успех наместо да се подготвува за последниот овосезонки предизвик, Аргентинецот пак ќе го прескокне последниот турнир, а на терените ќе се врати дури во првиот месец од 2019 година.

За последниот овосезонски Мастерс, покрај „големата тројка“, пласман обезбедија уште Александр Зверев и Кевин Андерсон, додека за останатите места се борат Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кеј Нишикори и Џон Иснер.

- Оглас -

Најнови вести