Малерозниот Умтити: Пак коленото, пак долга пауза

Самуел Умтити, стоперот на Барселона, повторно има проблеми со повреда на коленото која ќе го оттргне од терените на подолг период, веројатно околу пет месеци.

Новата тешка повреда нема да му дозволи на малерозниот Французин да се бори за место во тимот кое го загуби со честите повреди во минатото. Во изминативе 18 месеци Умтити константно имаше проблеми со коленото, се чини дека ниту операцијата не помогна и сега повторно е надвор од строј.

По продолжувањето на сезоната, Умтити запиша само еден настап во ремито против Селта Виго од 2-2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести