Малком не е добредојден во Зенит за расистите од Санкт Петербург

Зенит пред неколку дена го донесе најскапото засилување во својата клупска историја, го донесе Бразилецот Малком од Барселона за 40-тина милиони евра, но со овој трансфер не се задоволни сите навивачи на клубот од Санкт Петербург. „Проблемот“ не е во играчкиот квалитет или парите кои се потрошени, туку во бојата на кожата.

Малком влезе во игра на средбата со Краснодар, доби аплаузи, но на трибината зад голот имаше еден саркастичен транспарент, на кој пишуваше: „Му `благодариме` на раководството кое е лојално на традицијата“.

Пред мечот, радикалните фанови на Зенит објавија манифест, во кој напишаа дека не се расисти, но отсуството на црни играчи во тимот било важен дел од традицијата и идентитетот на клубот.

Се разбира, Малком не е првиот црн играч кој настапувал за Зенит. Во минатото таму беа и Рондон, Хулк, Бруно Алвес, а во составот на Зенит против Краснодар, освен Малком, беа и Вилмар Бариос и Даглас Сантос, за кои фановите не кажаа ништо.

Инаку, навивачите на Зенит од 2012 година имаат кампања со која сакаат да го натераат клубот да не купува црни и геј фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести