Малку е Пандев со катастрофална одбрана на Џенова (Видео)

Горан Пандев ги одигра последните 20-на минути за Џенова на гостувањето кај Калјари, ја почна акцијата во 83. минута по која неговиот тим израмни на 1:1, но сепак со слаба одбрана каква што имаа гостите вечерва, не се избегнува пораз.

Калјари славеше со 3:1, а последниот гол што го постигнаа дури беше и комичен. Двајца играчи на Џенова се судрија на средина од терен и им овозможија на домаќините да излезат сами пред голот на Раду, а Жоао Педро лесно погоди и ја запечати судбината на гостите.

https://www.youtube.com/watch?v=uUHiYaPEoQM

Претходно во 84. минута Запата си постигна автогол, што беше и клучен момент за пораз на Џенова. И во минатото коло Пандев и соиграчите доживеаја пораз во самиот финиш, кога Дуван Запата со удар во 95. минута и донесе победа на Аталанта од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести