Малку фалеше Рони О’Саливен да се степа со противникот (Видео)

Легендарниот снукер играч Рони О’Саливен имаше жесток вербален дуел со Марк Ален на Првенството на шампионите во Милтон Кејн. Ситуацијата се вжешти кога О’Саливен се подготвуваше да упати удар за време на четвртфиналето против Ален, кога Рони започна да се расправа.

„Можеш ли мирно да седнеш? Стоиш и ми го попречуваш видното поле“, му се обрати О’Саливен на Ален, а противникот му врати дека ништо не прави.

Тогаш О’Саливен уште повеќе се налути и продолжи да се расправа, дури и тргна кон столчето на кое седеше Ален, па мораше да реагира и судијата.

„Нема потреба да се расправате. Ве молам, може ли да играте снукер?“, повторуваше судијата Марсел Екардт, но тоа беше залудно.

Рони О’Саливен повеќе од една минута се расправаше, а кога продолжи дуелот, Ален го доби тој фрејм и успеа со 6:3 да слави и да се пласира во полуфиналето на турнирот. По победата, Ален го нарече О’Саливен дека е насилник и дека ги измешал работите.

„Да бидам искрен не знам за што збореше Рони. Не знам што му пречеше. Дури и судијата потврди дека не правам ништо недозволено и затоа не сакав да попуштам. Беше смешно затоа што О’Саливен буквално ја загуби контролата. Рони се обидува да ги малтретира луѓето, а јас не сакав да дозволам такво нешто. Само сакав да играм снукер“, рече победникот Ален.

На крајот од дуелот, О’Саливен сепак му честиташе на противникот за победата.

„Имам 45 години и ги знам сите фори во снукерот. Знам кога некој сака да го деконцентрира противникот. Не сакав да го дозволам тоа, па затоа и реагирав. На крајот, нема лутење. Марк играше подобро и заслужено победи“, рече О’Саливен по поразот.

 

- Оглас -

Најнови вести