Малку голови во Лигата на Европа, ама барем имаше убави кои вреди да се видат (Видео)

Ајнтрахт одигра 1-1 со Барселона, Брага го победи Ренџерс со 1-0, а Вест хем дома имаше 1-1 со Лион.

На сите три меча од вечерашната програма во Лигата на Европа, домашните екипи први даваа гол, но Ајнтрахт и Вест хем (Чеканите цело второ полувреме играа со човек помалку) имаа и по еден црвен картон.

Ајнтрахт можеби заслужи и подобар резултат, а поведе со убавиот гол на Кнауф:

https://www.youtube.com/watch?v=h0WSukklZJg

Но, Каталонците кои во средината на првиот дел останаа без Пике, кој се повреди по примениот гол, брзо одговорија со прекрасна акција која со гол ја круниса Феран Торес:

Во Конференциската лига, Бодо Глимт ја совлада Рома со 2-1, немаше гол на мечот Лестер – ПСВ, а Марсеј си 2-1 ја доби фудбалската војна против ПАОК. Тоа беше натпревар на кој падна погодок кој ќе биде сериозен кандидат за гол на годината.

- Оглас -

Најнови вести