Паје од Марсеј со гол на сезоната, оваа бомба не би ја одбранил никој на светот (Видео)

На натпреварот од Конференциската лига помеѓу Марсеј и ПАОК одекнуваат пиротехнички средства на трибините, а вистинска фудбалска „бомба“ беше видена на теренот на „Велодром“.

Димитри Паје постигна гол каков што ретко се гледа. Прецизниот волеј по нафрлувањето од корнер на Џенгиз Ундер, сигурно ќе биде земен предвид како кандидат за наградата „Пушкаш“ за гол на годината.

Погледнете го спектакуларниот гол на 35-годишниот Паје:

- Оглас -

Најнови вести