Малку играше за Бурса и Газијантеп, но Вандерсон може да биде големо засилување за Шкендија

Бразуилецот Игор Вандерсон да Силва е новото големо засилување на Шкендија со искуство и настапи од турското првенство, каде што беше член на Бурсаспор и Газијантеп.

Иако има малку настапи за двата турски клуба, Вандерсон има одличен потенцијал и е млад има само 24 години, па може да биде сериозно засилување за тетовци.

Игра како лево крило, а дојде во Шкендија како слободен играч, откако не успеа да најде ангажман во Бразил.

„Првиот впечаток е одличен. Шкендија има амбиции да ја освои домашната титула и да стаса во Европа што подалеку. Ми се допадна што се работи за амбициозен клуб, па некако ни се поклопија очекувањата. Верувам дека ќе помогнам Шкендија да бележи успеси во иднина“, изјави Бразилецот.

 

- Оглас -

Најнови вести