Малку се шест години за да се заборави: Џерард се лизна, Ливерпул остана без титула (видео)

Точно пред шест години се случи кобното лизгање на Стивен Џерард против Челзи на „Енфилд“. Неговиот кикс резултираше со погодок на гостите за водство од 1-0, односно пораз на Црвените од 0-2 и наместо да дојдат на чекор од титулата во Премиер лигата, Сините го отворија патот на Манчестер сити да застанат на врвот во финишот од шампионатот, односно да бидат шампиони.

Тој кобен момент уште го гони Ливерпул и секој негов фан, а најмногу легендарниот Џерард. Ја имаа дотогаш најдобрата прилика да го прекинат долгиот пост без титула во англиската елита. Следната прилика за тоа ја имаа во ланската сезона, меѓутоа пресудија 11 милиметри, односно интервенцијата на Џон Стоунс во шампионското дерби против Манчестер сити кое Ливерпул го загуби со 1-2.

Се чинеше дека на 30-годишниот пост конечно ќе му дојде крајот оваа сезона, Ливерпул е 25 бода пред шампионот Сити на табелата и потребни им се уште две победи за и официјално да бидат крунисани за прваци. Во меѓувреме, се случи пандемијата со корона-вирусот, која веќе трае речиси два месеца и поради тоа нема фудбал, а од таборот на Премиер лигата уште нема одлука дали сезоната ќе се доигра.

Во случај Англичаните да ја откажат актуелната сезона, дефинитивно ќе се прогласи за најбизарно губење на титулата, а јасно е дека ќе има бурни реакции од „Енфилд роуд“. Ако навистина тоа се случи, еден од најтрофејните англиски клубови ќе си се помири со фактот дека е проколнат, иако дефинитивно го заслужи пехарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести