Малкумина прогнозери му даваат шанса на Манчестер јунајтед против Арсенал

На еден ден до крајот на терминот за пополнување на типовите за бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, познати се фаворитите за викендов, а меѓу нив е и Арсенал, за кого над 77 проценти од играчите сметаат дека ќе победи на гостувањето кај Манчестер јунајтед.

За победа на Црвените ѓаволи досега се изјасниле само 9,3 отсто од прогнозерите. На Арсенал само победа му врши работа за да остане во трка за титулата со Манчестер сити, па затоа речиси четири петтини од играчите на Спортска прогноза веруваат во Топчиите.

Многу големи фаворити со над 75 проценти доверба се и Валенсија против Рајо Ваљекано, Лил на гостувањето кај Нант, како и Стразбур со Мец.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Финишира и трката во генералниот пласман, а за генералниот пласман се бројат и двата резервни пара, на кои исто така задолжително треба да типувате.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести