Малолетен Кореец може за дебитира во ЛШ

Седумнаесетгодишниот Ли Канг-ин од Кореја е ставен на листата фудбалери на Валенсија кои се во комбинација за утрешниот натпревар со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите. Ли досега нема настап во шпанската лига, а играше на два меча во Кралскиот куп, па затоа може да има директен скок од Купот во ЛШ, прескокнувајќи го првенството.

Ли е една од надежите на школата на Валенсија, полека го уфрлаат во првиот тим, но доколку дебитира во елитното европско натпреварување, тоа би било голем чекор за него, со оглед на тоа дека нема играно официјален меч против тим кој не е нисколигаш.

Тренерот Марселино се реши на ваков чекор откако не можеше да смета на суспендираниот Гаја и четворица повредени, а тоа се Гедеш, Гамеиро, Паулиста и Муриљо.

- Оглас -

Најнови вести