Дури и Малта подобра од Македонија во клупскиот фудбал!?

Македонскиот првак Шкендија беше голем фаворит во дуелот против Номе Калју, но тетовци вчера загубија на арената „Тодор Проески“ со 2:1 и на тој начин беа елиминирани уште во провото коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Естонскиот ривал беше аутсајдер пред двомечот со Шкендија, имаше 0:1 по првите 90 минути на свој терен и ништо не делуваше дека Шкендија може да биде елиминирана.

Сепак, дека фудбалот е непредвидлив, се покажа уште еднаш, па Номе Калју со голот во 90+2 минута стигна до победа од 2:1, која им носи место во второто коло од квалификациите за ЛШ, а Шкендија е елиминирана. Естонија покажа дека има подобар шампион од нашиот.

Колку за споредба, во второто коло од квалификациите во ЛШ ќе биде и првакот на Малта, Валета, која го елиминираше Дуделаж од Луксембург. Овие резултати се само показател дека секаде во европските првенства, фудбалот оди напред, но Македонија, за жал, не е меѓу оние земји кои може да се пофалат дека од година во година напредуваат, туку токму спротивното. Останавме без преставник во квалификациите за ЛШ уште во средината на јули.

Денеска се играат останатите 10 реванш-дуели во првото квалификациско коло од ЛШ, а комплетната понуда за обложување на овие мечеви може да ја најдете на Sport Life обложувалниците.

 

- Оглас -

Најнови вести