Мама миа, каков гол на Пауло Дибала! (Видео)

Велшкиот плејмејкер Арон Ремзи дебитираше за Јувентус, но шоуто на пријателскиот меч со Триестина го украде Аргентинецот Пауло Дибала, со гол каков што ретко се гледа. Кристијано Роналдо не настапи, па Дибала за кој се говори дека може да си замине од Јуве, го покажа својот раскошен талент и квалитет.

„Старата дама“ победи само со 1-0, но голот кој го даде Дибала во 38-ма минута вреди да се види неколку пати. Не се знае дали беше подобар потегот со кој се ослободи од чуварите или лоб ударот како завршница:

- Оглас -

Најнови вести