Мама миа: Секулов со фантастичен гол ги спаси младите Јувентини од пораз (видео)

Младиот офанзивец на екипата на Јувентус до 19 години Никола Секулов, со фанстастичен погодок од далечина го спаси тимот од пораз на гостувањето кај Калјари. Македонецот со италијански пасош доби шанса за настап во вториот дел од средбата, па ја оправда довербата постигнувајќи го израмнувачкиот гол за 1-1 во 88-та минута.

Секулов одлично реагираше во мешаницата пред шеснаесетникот, па од прва испрати неодбранлив удар и го затресе горниот лев агол од голот, со тоа што го закопа противничкиот голман во место.

- Оглас -

Најнови вести