Манасков опериран, од болница порачува: Ве сакам сите! (Фото)

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, кој пред 16 дена се здоби со тешка повреда на коленото, и нема да игра најмалку шест месеци и ќе го пропушти Европското првенство, денеска беше опериран, и од болница испрати позитивни сигнали и пораки.

Крилото на Веспрем и на македонската репрезентација, е во добро расположение, а тоа го поткрепи и со фотографии од болничкиот кревет.

„Операцијата помина добро, се чувствувам одлично, ви благодарам на сите за пораките кои ми ги испративте во изминатите две недели. Забавниот дел може да почне, се гледаме наскоро, ве сакам сите“ – напиша Манасков.

Со поддршка за Манасков се јавија и Унгарците.

„Дејан Манасков имаше успешна операција и тој се чувстувва добро. Ти посакуваме брзо закрепнување Деки“ – порачаа од клубот Веспрем.

- Оглас -

Најнови вести