Манасков останува верен на Весрпем

Веспрем го потврди потписот на Дејан Манасков на дополнителни две години, македонскиот репрезентативец ќе се задржи во редовите на унгарскиот шампион до јуни 2022 година. Заедно со Манасков, верноста со клубот ја продолжија и Петар Ненадиќ, како и Гаспер Маргуч исто така на дополнителни две години.

Манасков во изминативе две години се покажа како важен играч во составот на Давид Дејвис, неговите атрактивни голови често знаат да ја кренат публиката на нозе, по што унгарскиот гигант одлучи да го задржи и за следните две сезони.

Веспрем воедно го потврди и ангажманот на Родриго Коралес, шпанскиот голман кој доаѓа од редовите на ПСЖ. Коралес се согласи на четиригодишен договор со Веспрем.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести