Манасков се рехабилитира и е сигурен кон нови успеси во иднина (ФОТО)

Македонија е без услугите на Дејан Манасков на ова Европско првенство.

Како што е добро познато, левото крило на нашата селекција ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и веќе неколку месеци е во рехабилитациски процес.

Но, Манасков кој игра за Веспрем, нема да биде едно од најдобрите европски крила, доколку тој се откаже од предизвиците кои што ги носи ракометот. Напротив, Дејан е спремен да се врати уште посилен, а тоа го потврди и на својата последна објава на Инстаграм каде што само напиша „Движење напред“.

Јасно е дека Македонија за наредните големи натпреварувања ќе има големо засилување во името на Дејан и во комбинација со младиот Цветан Кузмановски, би претставувале голема закана за противниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Manaskov (@dmanaskov)

- Оглас -

Најнови вести