Манасков во последна секунда ги реши Исланѓаните (Видео)

Данило Брестовац своето деби како селектор ќе го памети по убаво откако Македонија во Рејкјавик го совлада Исланд со 34-33 и се врати на вистински пат во обидот да се пласира на Европското првенство 2020 година. Јунак беше Дејан Манасков со гол во последната секунда.

При 33-33, на Кузмановски му беше судено пробивање, па Исланд доби шанса во последните 10 секунди да организира последна акција. Домашните направија чекори, па намерно ја шутнаа топката во аут, што беше казнето со црвен какртон и пенал. Седмерецот го изведе Дејан Манасков, не даде гол, но имаше среќа, топката се одби кај него и вториот пат не згреши.

- Оглас -

Најнови вести