Манчестер доби понуда, а Марсијал веќе ги „пакува“ куферите

Ентони Марсијал во неколку наврати изјави дека сака да го напушти Манчестер јунајтед во јануарскиот трансфер-период, а по сè изгледа желбата ќе му се оствари.

Според последните информации од Островот, Севилја испрати понуда за позајмица на играчот, со можност за откуп по крајот на сезоната.

Тренерот на Манчестер, Ралф Рангник, вчера изјави дека играчот му соопштил дека сака да си замине и дека нема официјална понуда од ниту еден тим, но тоа утрово се променило.

Марсијал веднаш ги договорил личните услуги со тимот од Ла Лига и ги спакувал куферите, а се очекува и неговиот актуелен тим да ја прифати понудата.

Марсијал во дресот на Манчестер јунајтед одигра 174 натпревари и постигна 56 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести