Манчестер дури во 34-тиот шут успеа да го скрши отпорот на Омонија, и тоа во 93-тата минута

Манчестер јунајтед минимално со 1:0 ја победи Омонија на „Олд Трафорд“ во меч од четвртото коло во Лигата на Европа. Скот Мектоминеј е фудбалерот кој не дозволи да се случи изненадување, постигнувајќи гол дури во 90+3 минута од мечот.

Со оваа победа, англискиот гигант во последните две кола само теоретски треба да го обезбеди местото во нокаут-фазата, каде што веќе од оваа група сигурен е тимот на Реал Сосиедад, кој има максимални 12 бодови.

На „Олд Трафорд“, домашниот тим мораше да шутне дури 34 пати кон голот на Омонија за да постигне гол. Се играше судиското надополнување кога Мектоминеј од близина конечно успеа да го сруши отпорот на гостите.

Во останатите вечерни дуели од Лигата на Европа: Ференцварош – Црвена ѕвезда 2:1, Лацио – Штурм 2:2, Лудогорец – Хелсинки 2:0, ПСВ – Цирих 5:0, Реал Сосиедад – Шериф 3:0, Трабзонспор – Монако 4:0 и Унион Берлин – Малме 1:0.

- Оглас -

Најнови вести