Манчестер гостува таму каде што 30 години нема пораз и го брка рекордот на Ливерпул

Манчестер јуанјтед заостанува дури 15 бода зад лидерот Манчесер сити, но сепак тоа е најблискиот конкурент на лидерот и единствен кој има минимални шанси да се надева дека може да направи чудо до крајот на сезоната и да ги симне Граѓаните од тронот. Црвените ѓаволи вечерва гостуваат кај Кристал палас и се големи фаворити за победа.

Коефициентот во Sport Life за двојка на Супер тип понудата е 1.60, додека триумф на Кристал палас во обичната понуда се „наплатува“ со коефициент 7.45. Освен играчкиот кадар, Манчестер јуанјтед е фаворит и поради традицијата во дуелите со овој ривал. Тоа што е интересно е дека на последните четири меѓусебни средби, гостите победувале, па Кристал палас есеноска направи изненадување и славеше на „Олд Трафорд“ со 3:1.

Сепак, кога се работи за мечеви на теренот на Кристал палас, таму газда е Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи се радувале на последните пет меча на тој терен, а традицијата е неумолива кон домаќинот. На последните 13 средби на кои Кристал палас бил домаќин, Манчестер јунајтед има 10 победи и само три нерешени средби. Кристал палас против Црвените ѓаволи на свој терен се нема израдувано од мај 1991 година, кога победил со убедливи 3:0.

Освен традицијата, на страната на Манчестер е фактот што сезонава тимот на Оле Гунар Солскјер е несовладлив на гости. Во 13 меча одиграни надвор од „Олд Трафорд“, Манчестер има осум победи и пет нерешени и е единствен без пораз на гости. Оваа низа на Јунајтед трае уште од минатата сезона и нема пораз на вкупно 20 натпревари. Последен пат Манчестер на гости во Премиер лигата има загубено од Ливерпул во јануари 2020 година.

Ако вечерва гостите останат непоразени, Манчестер ќе го израмни рекордот на Ливерпул, кој имал низа од 21 меч без пораз на гости во Премиер лигата. Апсолутниот рекорд во оваа категорија го држи Арсенал, кој дури 27 средби немал пораз на гости во периодот од април 2003 до септември 2004 година.

 

- Оглас -

Најнови вести