Манчестер измисли нов вид одбрана, цел свет им се смее (Фото)

Манчестер јунајтед е во една од најголемите резултатски кризи во последните неколку децении. Синоќешниот пораз од Манчестер сити (0-2) беше седми неуспех во последните девет меча. Такво нешто на „црвените ѓаволи“ им се нема случено уште од далечната 1962 година.

Второ неславно повторување на еден рекорд е тој од 1989 година, кога втора сезона по ред тимот ќе биде без ниту еден освоен трофеј. Тимот испадна од ФА и Лига купот, не е веќе ни во Лигата на шампионите, а во првенството максимум може да стигне до четвртото место, кое е и главна цел во последните три меча.

Како главна причина за лошите резултати, секако, е лошата игра на теренот. Покрај јаловиот напад, играчите на Манчестер јунајтед од синоќа се цел за исмејување по начинот на којшто се бранат во одбраната. При постигнување на вториот гол на Сити, дефанзивата на Јунајтед делуваше повеќе од смешна.

На една од фотографиите се гледа како четворицата кои треба да бидат во линија во одбраната, се застанати во линија, но не како што е нормално, туку во позиција која му дава шанса на противникот да даде гол. Сериџиските коментари се дека играчите на Манчестер поставиле нова иновативна формација 1-1-1-1-3-3.

„Сите се обидуваат да воведат револуционерен фудбал, но не сум сигурен дека вертикално поставена одбрана е вистинскиот избор за тоа“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести