Манчестер јунајтед до Борнмут: Имате 15 минути за размислување

Манчестер јунајтед му понудил на Борнмут 30 милиони евра за Џошуа Кинг, но од премиерлигашот побарале одговор дали прифаќаат или не да го добијат само за 15 минути. Од Борнмут не го сторија тоа за 15 минути, па Црвените ѓаволи ја реализираа заканата и се откажаа од Кинг и го купија Одион Игало, кој играше во Шангај Шенхуа во Кина.

„Имате 15 минути за одговор или ние ќе купиме играч од Кина“, му рекол потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд, на Нил Бејкер, кој е извршен шеф во Борнмут.

На Манчестер толку многу му се брзаше, што со Игало договорот беше потпишан пред да се направат лекарските тестови. Игало, кој има 30 години, не доби дозвола да тренира со останатите во првите денови поради страв од коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести