Манчестер јунајтед до крајот на месецов ќе донесе петмина нови играчи

Во Манчестер јунајтед се надеваат дека до крајот на јули ќе потпишат договори со петмина фудбалери кои им се на листата на желби.

В петок Црвените ѓаволи заминуваат на претсезонска турнеја во Тајланд и Австралија и сакаат што побрзо да го реновираат составот.

Прв на листата на желби на менаџерот Ерик тен Хаг е неговиот сонародник Френки де Јонг од Барселона. Веќе е официјализиран трансферот на 22-годишниот левиот бек на Феенорд, Тајрел Маласи, а во Манчестер се борат со Арсенал за централниот дефанзивец на Ајакс, Лисандро Мартинес, а Тен Хаг во Јунајтед сака да го има и бразилскиот напаѓач Антони.

Понуда за тригодишен договор е испратена до данскиот плејмејкер Кристијан Ериксен и тој наскоро треба да го облече дресот на Јунајтед откако му истече договорот со Брентфорд.

- Оглас -

Најнови вести