Работната група на Манчестер јунајтед, која требаше да ја разгледа ситуацијата околу „Олд Трафорд“ и да излезе со став во врска со фаворизирањето на изградбата на нов стадион или реновирање на сегашниот објект, дала препорака за изградба на нов стадион, информираат англиските медиуми.
Тие утврдиле дека изградбата на нов стадион би можела да се реализира во пократки рокови и да има подобро и благотворно влијание не само врз самиот клуб и неговите навивачи, туку и врз целата зона околу сегашниот кварт и локалните заедници.
Препораките се за изградба на нов стадион со над 100.000 седишта, што би бил и најголемиот стадион во Обединетото Кралство. Конечното решение се очекува да биде донесено до крајот на годината.
BREAKING: The Old Trafford Regeneration Task Force has initially concluded that a new stadium build for Manchester United would be a more transformative option than redeveloping the existing ground 🚨 pic.twitter.com/lhfga31BVc
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 29, 2024
Еден од главните фактори за оваа препорака било тоа што Манчестер Јунајтед поседува големо земјиште околу „Олд Трафорд“, што всушност ќе им дозволи на Црвените ѓаволи да продолжат да играат на сегашниот стадион додека се гради новиот.
Првичните проценки покажуваат дека проектот за нов стадион ќе чини околу 2 милијарди фунти и може да потрае околу шест години. Реновирањето би можело да се реализира за сума помеѓу 1 и 1,2 милијарди фунти, но може да трае подолг период поради сложеноста на обновувањето на историските згради изградени во 1910 година.
Работната група вклучуваше претставници од Манчестер јунајтед, општината, архитекти и експерти во изградба на големи проекти.